Пред почетокот на натпреварот помеѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед, се случи мала несреќа во која учествуваше португалскиот фудбалер.

Имено, Кристијано Роналдо упати силен удар за време на загревањето, кој наместо гол погоди во глава девојка која стоеше покрај теренот како обезбедување.

Девојката се онесвестила од силината на ударот, но по укажаната лекарска помош, се освестила и продолжила да ги извршува своите должности за време на играта.

Фотографиите од стадионот во Берн исто така сведочат дека ситуацијата воопшто не била пријатна.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1437831666211426306?s=20