Фудбалската лига на шампиони продолжува денеска во 18:45 часот со натпреварите меѓу Бешикташ и Борусија Дортмунд и Шериф Тираспол и Шахтјор.
За Шериф во стартните 11 нема место за единствениот македноскиот претставник Бобан Николов, па шансата ќе ја бара од клупата за резервни играчи за да го запише првиот настап во Лигата на Шампионите.
Од 20:45 часот, закажани се преостанатите шест натпревари, а три натпревари се особено интересни.
Клуб Бриж го пречекува супер засилениот ПСЖ. Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар треба да играат на овој натпревар од првата минута. Многумина го сметаат ПСЖза најголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите, а вечерва впечатливото трио треба да игра заедно за прв пат од почетокот.
Фудбалските класисци се Интер и Реал Мадрид кои се среќаваат на „Џузепе Меаца“ и Ливерпул – Милан.
Интер и Реал се сретнаа во групата на Лигата на шампионите и минатата сезона. Реал беше подобар и двата пати со победа на домашен терен 3: 2 и 2: 0 на гости.
Италијанскиот великан Милан освои дури седум титули во Купот и Лигата на шампионите. Сепак, во најсилното клупско натпреварување во светот, тој последен пат играше во сезоната 2013/14, кога беше исфрлен од Атлетико Мадрид во осминафиналето.