Екипата на Јувентус ја оствари 19. победа во Серија А за крај на сезоната. „Старата дама“ на домашен терен ја победи Монца со 2-0 во шампионатот на Италија.
Тимот ќе заврши на третата позиција на табелата.
Федерико Киеза во 26.минута обезбеди предност за Јуве, а само две минути подоцна погоди и Алекс Сандро. Монца во 90.минута остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Алесио Зербин.