Фудбалската репрезентација на Нигерија извојува минимален триумф над домаќинот, Брегот На Слоновата Коска со 0-1 (0-0) во дербито од групата A на Африканскиот Куп на нации.

Навивачите на домаќинот БСК, до последно место го исполнија стадионот „Аласан Катара“, но Нигерија ги шокираше и им приреди „студен туш“ и успеа да стигне до голема победа на овој дуел. Во првото полувреме немаше голови, а единствениот гол беше дело на играчот на грчки ПАОК, Вилијам Трост-Еконг, кој беше прецизен и постигна гол во 55. минута од мечот.

Домашната селекција се обиде до крајот да дојде барем до израмнувачки погодок, но Нигерија успешно се бранеше, ги затвори сите приоди кон својот гол и успеа да запише победа, и сега има четири бода.

 

Брегот На Слоновата Коска има бод помалку и ќе мора во последното коло од групната фаза да го обезбеди учеството во елиминациите на Африканскиот Куп. Изненадувачки лидер на табелата во моментов е репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја.