Водечките екипи во Бундеслигата остварија победи во пресрет на меѓусебниот дуел кој е на програмата во следното коло.
Баер на гостински терен беше подобар од последнопласираниот Дармштад со 2-0. Двата гола ги постигна Тела, по еден во првото и второто полувреме. Со овој триумф, тимот од Леверкузен ја продолжи серијата без пораз оваа сезона која веќе достигна 20 натпревари. Баерн пред своите навивачи ја совлада Борусија Менхенгладбах иако гостинскиот тим го отвори резултатот преку Елведи во 35. минута. До полувреме израмни Павловиќ, а во вториот дел Кејн и Де Лихт се погрижија за победа на баварскиот тим.
Во дербито во Леверкузен на 10 февруари, Баер ќе влезе како лидер на табелата со два бода повеќе од бранителот на титулата во Бундеслигата.