Милан тешко и на драматичен начин успеа да стигне до триумф (2-3) на гости против Фросиноне, иако во вториот дел имаше и негатива. „Росонерите“ во финишот покажаа победнички менталитет, а херојот е Лука Јовиќ кој го постигна победничкиот гол во 81.минута.

Жиру во 17.минута донесе водство за Милан, но Суле од пенал израмни само седум минути подоцна.

Мацители во 65.минута го изненади Милан со втор гол и предност за Фросиноне, но, сепак, „росонерите“ реагираа брзо и се погрижија за нов пресврт.

Матео Габија во 72.минута израмни на 2-2, а Лука Јовиќ девет минути подоцна донесе победа за составот на Стефано Пиоли.

https://twitter.com/i/status/1753850038118224310