Атлетико Мадрид синоќа беше поразен во дербито против Севиља со 1:2 и така веројатно веќе се прости од одбраната на титулата во Шпанија.
На незгодното гостување во Андалузија, Атлетико го претрпе третиот пораз по ред, а буквално во последните минути од регуларниот дел победникот го реши Окампос.
Луис Саурез го започна натпреварот како стартер за гостите, но неговиот настап траеше неполн час бидејќи Диего Симеоне реши да го замени во 58. минута.
Уругваецот излегуваше кај гол-линијата, а на пат кон клупата се гледаше дека е многу лут што беше сменет.
Додека се движеше кон клупата, жестоко пцуеше, а беа изнесени и некои остри зборови кои веројатно ниту еден играч во неговата тренерска кариера досега не му ги кажал на Симеоне.
Шупак еден, секогаш исто“, се пцовките што Саураз ги упатил кон Симеоне, пренесуваат шпанските медиуми.
После тоа, одличниот голгетер седна на клупата, не се ни поздрави со тренерот и извесно време беше видно лут.