Манчестер Сити го совлада Лидс Јунајтед на гости со 0-4 и се врати на врвот на табелата во Премиер – лигата. Сега „граѓаните“ повторно имаат бод предност во однос на Ливерпул, и не го даваат првото место во ПЛ.
Тимот на Пеп Гвардиола доминираше на „Иланд Роуд“. Родри во 13.минута го отвори резултатот, а Натан Аке во 54.минута зголеми на 0-2.
Габриел Жесус го постигна третиот гол во 78.минута, а во судиското продолжение Фернандињо го постави конечниот епилог.