Горан Пандев влезе во завршниот дел од натпреварот меѓу Специја и Џенова, а неговиот тим успеа да освои бод (1:1) на ова гостување од новото коло во Серија А.
Македонскиот фудбалер и овој пат не беше стартер за Џенова, а алармот кај Давиде Балардини се запали во 66. минута, кога автоголот на Сиригу донесе предност за Специја.
Неколку минути подоцна Пандев влезе во игра, неговиот тим успеа да направи притисок и стигна до пенал шанса, која капитенот Кришито ја претвори во гол за конечни 1:1.
Џенова во друга прилика ќе ја брка втората победа сезонава, а сега има 7 бодови, со што во моментов е во опасната зона.