Кошаркарите на Црвена звезда се поразени на гостувањето кај Монако со резултат 70:62, на отворањето на шестото коло во Евролигата.
Евролига, 6. коло:
Монако – Црвена Звезда 70:62
21:12, 20:24, 15:17, 14: 9
Ова е трет последователен пораз на Звезда во елитата (2-4), додека Монако ја прекина таквата серија и стигна до резултат 3-3.
Регионалниот шампион имаше двоцифрена негатива во текот на втората четвртина, но во третата му одговори на ривалот и го сврти резултатот.
Сепак, Монако успеа да го врати водството на крајот од таа четвртина и да го задржи во текот на последната – и на крајот без никаков проблем славеше во овој натпревар.
Најдобар во редовите на Звезда беше Нејт Волтерс, кој имаше 18 поени (8/9 за два, 0/3, 2/2 фрлања) и пет асистенции. Сепак, во финишот промаши неколку отворени тројки со кои гостите ќе можеа резултатски да се приближат .
Покрај Волтерс двоцифрен беше и Никола Калиниќ со 14 поени, пет скока и три асистенции, додека Огњен Кузмиќ додаде 10 поени и седум фатени топки.
Кај Монако најдобар беше Алфа Диало со 19 поени и седум скока, Донатас Мотијејунас постигна 14 со осум скока, додека Данило Анѓушиќ постигна 12 со два скока.
Следниот дуел избраниците на Дејан Радоњиќ го играат во Милано против Армани, в четврток од 20 часот и 30 минути.