Тотенхем, кој влегува во нова ера без својот најдобар стрелец , голгетерот Хери Кејн откако англискиот репрезентативец се пресели во Баерн Минхен, киксира уште на стартот на новата сезона во Премиерлигата. Одигра реми попладнево на гости кај Брентфорд (2-2).
Иако одлично стартуваа лондончани со гол по 11 минути преку аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, Брентфорд направи пресврт, за десет минути во средина на првиот дел.Најпрво Мбеумо од пенал израмни во 26-та, а Виса во 36-та погоди вторпат, но до полувреме Емерсон Ројал со прекрасен гол израмни во втората минута од судиското надополнување.
Во вториот дел резултатот остана непроменет, па двата тима освоија по бод, што за Тотенхем е кикс сооглед на амбицијата и сезонава да се бори за највисок пласман и позиција за ЛШ.