Центарот на Минесота Тимбервулвс, Карл Ентони Таунс смета деја е најдобриот шутер на сите времиња меѓу високите играчи.

Првиот пик од драфтот во 2015 година има „мека рака“ и е еден од најдобрите шутери меѓу високите играчи во моментов во лигата.

Тој се смета себеси за најдобар на сите времиња.

“Јас сум најдобриот шутер на сите времиња меѓу центрите и тоа е факт. Можете да ја погледнете статистиката. Не мора да играм како сите други.  „Секогаш сум оригиналот, никогаш не сум дупликат. Не морам никого да копирам“, рече Таунс.

Таунс постигна речиси 700 тројки во кариерата со 39,7% за три поени.

На пример, во помалку обиди, Дирк Новицки даде помалку тројки во кариерата со 38% од ударите за три поени.

Оваа сезона Таунс има просек од 24,4 поени и 9 скока, со 50,9% од играта и 82,1% од слободните фрлања.

Тој постигнува 2,4 тројки со 42% успех.