Челси и Манчестер јунајтед одиграа 1-1 во рамки на дербито на 13.коло во Премиерлигата. 

По 87 минути рововска битка во кои двата тима имаа по некоја шанса, вистинските возбудувања беа во последните минути од средбата. „Сините“ поведоа во 87.минута од пенал преку Жоржињо, откако Скот Мектоминеј несмасно го фаулираше Армандо Броја по еден корнер на Челси.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1583884626497777664?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583884626497777664%7Ctwgr%5Ea9a871ffb6bf01c125f2aa35bed4f1df686f9e87%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Flud-finish-na-stemford-bridzh-kasemiro-izvleche-bod-za-junajted-video

„Црвените ѓаволи“ притиснаа силно во продолжението и фрлија се на една карта. Тогаш во 94.минута на сцена стапи Касемиро, кој со глава го матираше Кепа Аризабалага и го спаси Јунајтед од пораз.

https://twitter.com/UnitedGoals__/status/1583886745661149185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583886745661149185%7Ctwgr%5Ea9a871ffb6bf01c125f2aa35bed4f1df686f9e87%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Flud-finish-na-stemford-bridzh-kasemiro-izvleche-bod-za-junajted-video

Можеби и најреален резултат со оглед на прикажаното од двата тима.