Германскиот првак Баерн Минхен ремизираше (1-1) на гости против Хофенхајм и понуди нова шанса за Борусија Дортмунд да се врати во трка за титулата. Баварците сега имаат 60 бода, десет повеќе од Борусија Дортмунд, но „милионерите“ имаат и два одиграни меча помалку.

Кристоф Баумгартнер во 32.минута донесе предност за Хофенхајм, а израмни Роберт Левандовски во 45.минута од дуелот.

Фрајбург го совлада Волфсбург со 3-2, а Унион Берлин и Штутгарт ремизираа, 1-1