Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во четвртфинале на фјучерсот во Анталија, откако денеска дојде до втората победа на овој турнир и тоа со пресврт против Унгарката Амариса Тот (4-6, 6-4, 6-4).
Тоа беше неизвесен дуел, во кој Македонката влезе полошо од очекувањата поради што го загуби првиот сет, но потоа го оправда фаворитскиот статус и ги освои следните два сета за место меѓу осумте најдобри во Анталија.
Следен ривал на Ѓорческа (242. место) на турнирот за награден фонд од 35.000 евра ќе биде Тара Вурт од Хрватска, која е на 417. место на ВТА-листата.