Гостите го шокираа домашниот тим во 92. минута кога поведоа со голот на Адис Јаховиќ за 1-0. Се чинеше како крајниот резултат, но едноставно почна права лудница. Четири минути подоцна Газиантеп израмни. Ерсој асистираше до Фигеиред кој погоди за 1-1.
Но, најважното нешто што се случи беше во 99. минута. Судијата досуди пенал за домашните по дуелот меѓу напаѓачот на Газиантеп и голманот. Иако играчот на Газиантеп веднаш му покажа на судијата дека нема контакт за пенал, овој инсистираше на најстрога казна.
Гостите на секој начин се обидуваа да го убедат судијата да ги промени одлуките, но тоа не се случи. Потоа топката на белата точка ја постави Мухамет Демир кој го направи фер-плеј потегот на годината. Тој намерно го промаши ударот од белата точка со што ќе му донесеше победа на својот тим, за што доби овации од публиката.