Македонските кајакари Кристијан Лазаров и Благој Гугинов се наоѓаат на врвот на табелата во јуниорска конкуренција по две кола од Европскиот Куп во кајак-спуст. Лазаров е на врвот со освоени 174 бода, зад него како втор следува Гугинов со 150 бода.
По две кола од Европскиот Куп во кајак спуст нашите репрезентативци во сениорска конкуренција, Александар Златаров и Љубомир Спасиќ се наоѓаат на втората и трета позиција во вкупниот пласман, со заостанување зад водечкиот Иво Ламерс од Холандија со 12 бода.
52-то издание на трката Фулда беше на програмата овој викенд, а саботната спринт трка се броеше како втора трка во Кану кајакарство во диви води на ЕЦА. Репрезентацијата на Македонија во кајак спуст во состав Љубомир Спасиќ, Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров, сите членови на велешкиот кајак клуб ККК Арка-Борец Велес имаа солиден настап, освојувајќи го второто место во тимскиот настап во категорија сениори.
Следното трето коло од Европскиот Куп во кајак-спуст ќе се одржи во Велика Британија во градот Нотингем на крaј од месец април.