Првата средба во Италија заврши со реми (1-1), поради што Каталонците првпат без Лионел Меси се најдоа меѓу осумте најдобри тима во европската елита. Клучен за големиот успех беше блиц-кригот во првите дваесетина минути, односно головите на Фермин Лопез во 15. минута и на Кансело две минути подоцна со кои Каталонците брзо дојдоа до убедливо водство. Рахмани по точно половина час игра ги врати наполитанците во живот, кои во продолжение пропуштија неколку шанси за изедначување. Тоа беше казнето во самиот финиш, по феноменалната акција на Гундоган и Роберто, која Роберет Левандовски ја круниса со решавачкиот погодок како потврда на големиот успех.
Видео анализа на головите од пресметката меѓу Барселона и Наполи: