Oва сеуште не е видено на фудбалските терени! На една утакмица постигнати се два спектакуларни голови, две ремек дела на еден ист играч. Тоа се случи на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Чукарички и Спартак во Супер лигата на Србија.

Фудбалерот на Чукарички, Лука Аџиќ успеа да постигне нешто што не се гледа секој ден, откако двапати го матираше голманот на Спартак од корнер.

Аџиќ го постигна приот гол на дуелот од корнер во 29. минута ( голот може да се погледне ТУКА), а потоа на ист начин се запиша во листата на стрелците и во 51. минута.

 

 

Чукарички на тој начин дојде до водство од 2-0, но потоа тимот на Спартак направи подвиг и дојде до бод!
Најпрво Мартиновиќ го смали водството а потоа Убипарип ги постави конечните 2-2.

Гостите за малку не направија и целосен пресврт, имаа чист зицер во 94 минута и можеа да заминат во Суботица со трите бода, но Филиповиќ го одбрани ударот на Тодороски.