ФИФА објави дека секоја репрезентација на Мундијалот во Катар ќе може да има 26 место 23 фудбалери. Ова е поради коронавирусот, што секако дека е добра вест за селекторите на сите репрезентации кои ќе играат на СП во Катар. Сите 26 фудбалери, односно 15 резезерви ќе можат да седат на клупата и да бидат внесени во записник како би можеле во секој момент да влезат на терен.
ФИФА информираше дека последен рок за пријавување на списокот на играчите кои ќе настапат за 32 селекции на Мундијалот е 13 ноември.
Да потсетиме дека СП во Катар ќе трае од 21 ноември до 18 декември, а се отвара со натпреварот Холандија – Сенегал.