Лоренцо Инсиње го постигна својот дебитантски гол во МЛС – лигата. Италијанскиот репрезентативец беше стрелец во драматичната победа на Торонто со 4:3 како гостин против Нешвил.
Поранешната ѕвезда на Наполи погоди во 77. минута со силен удар надвор од шеснаесетникот.
Во составот на Торонто се појавија и другите двајца Италијанци кои беа доведени ова лето, Федерико Бернардески и Доменико Кришито. Бернардески реализираше пенал во 54. минута, а Џонатан Осорио ги постигна другите два гола за гостите.