Екипата на Болоња имаше водство од 3-0, но Јувентус во финишот на чудесен начин стигна до израмнување. На крајот, дуелот на „Ренато Дал ‘Ара“ заврши 3-3. Тоа беше прв натпревар за „старата дама“ по отказот за Масимилијано Алегри, а тимот го водеше Паоло Монтеро.

На спротивната страна беше Тијаго Мота, кој италијанските медиуми го најавуваат како нов иден тренер на Јувентус од следната сезона.

Рикардо Калафиори беше двоен стрелец за Болоња, а погоди и Сантијаго Кастро, па Болоња по неполн час игра имаше предност од 3-0.

Но, Јувентус не се предаде иако преспа поголем дел од натпреварот. Федерико Киеза во 76.минута го постигна првиот гол, а потоа стрелци беа и Аркадиуш Милик во 83.минута и Кенан Јилдиз во 84.минута од мечот.

https://twitter.com/i/status/1792639897028763882