Според француските медиуми, Лионел Меси има коронавирус.
Тој беше позитивен на последниот тест, како и уште тројца неименувани играчи на ПСЖ.
Од клубот соопштија дека сите позитивни играчи веднаш се префрлени во изолација. Се шпекулира дека преостанатите тројца играчи се Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумазала. Заразен е и еден член од стручниот штаб.
Француското првенство ќе се игра повторно за една недела, а сигурно е дека аргентинскиот напаѓач ќе прескокне барем едно коло, како и утрешниот куп-натпревар против Ван.