Најдобриот кошаркар на НБА лигата во 2021 година, Никола Јокиќ, проговори за својот живот и за се што носи успех и слава.

Јокиќ во новогодишното интервју на изјавата на новинарите дека е многу популарен, се обиде да објасни дека сака да живее живот како обичен тип. Сепак, тоа го направи на комичен начин, поради што неговиот одговор стана вирален на социјалните мрежи.

Прашањето беше како се справува со топка обожаватели кои во секој момент чекаат да се сликаат со него.

“Знае да здосади. Сакам кога одам во кафуле на раат да испијам пиво… сок де, грешка“, рече Јокиќ и ги насмеа новинарите.