Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ имаше проблеми во пресрет на патувањето кон Грузија со националниот тим. Имено, селекторот не доби виза за влез во Косово, а причината за тоа е бизарна.
Според пишувањето на српскиот медиум Српскаинфо, Бајиќ бил помешан со криминалец кој го има истото име и презиме. Се работи за Драган Бајиќ кој се смета дека е сериски убиец и пребеган српски криминалец во Унгарија, а се наоѓа на листата на Интерпол. Така, поради името и презимето нашиот селектор не добил дозвола да одлета од аеродромот во Приштина и мина некое време под полициска придружба.
Дури по проверката на отпечатоците од прстите Бајиќ бил пуштен на слобода и тогаш доби дозвола да замине од Косово. Сепак, дури и по оваа драма Драган Бајиќ не успеа да се приклучи на националниот тим и да го води утре во Тбилиси бидејќи доби позитивен наод на коронавирусот.
Постои надеж дека Бајиќ можеби ќе се опорави навреме за дуелот в недела во Скопје, но и таа можност е мала.