Рускиот тенисер Карен Хачанов не беше задоволен откако Новак Ѓоковиќ го елиминира во осминафиналето на турнирот во Дубаи.
Тоа јасно го покажа со коментар на објавата на официјалниот Инстаграм профил на АТП Турнејата.
На истата, има снимки од два прекрасни поени кои му припаднаа на српскиот тенисер, заедно со опис што говори за мајсторијата и умешноста на Ѓоковиќ.
Мислам дека не го гледавте натпреварот, па ова го нарековте мајсторија“, набрзина рече Хачанов.
Ѓоковиќ го победи Хачанов со 6:3, 7:5 и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Дубаи.
Негов ривал во следната рунда ќе биде Чехот Јиржи Весели.