Јувентус официјално објави дека искусниот 37-годишен Џорџо Кјелини добил позитивен тест за коронавирус, и завршил во домашна изолација.
Продолжува низата позитивни фудбалери во тимот на Јувентус, а пред Киелини, Артур и Карло Пинсољо имаа позитивен тест за ковид-19.
Пред точно еден месец, Киелини ја прими третата, бустер доза од вакцината и беше еден од најгласните играчи во италијанската Серија А кога станува збор за промовирање на вакцинацијата во Италија.
Јувентус моментално е петти на табелата во Серија А, по што следат два многу тешки натпревари. Најпрвин натпреварот на домашен терен против Наполи на 6 јануари и потоа гостувањето на Олимпико против Рома на 9 јануари. Понатаму, на 12 јануари Јувентус и Интер играат натпревар од Суперкупот на Италија.