Никола Јокиќ беше најзаслужен што Денвер Нагетс триумфираа на гостувањето во Хјустон и успешно ја започнаа 2022 година – 124:111 (30:31, 47:24, 19:22, 37:25).

Српскиот центар постигна 24 поени и имаше 11 скока, што е негов четврти последователен дабл-дабл.

Но имаше и еден специјален момент кога играчот на Хјустон Давид Нваба атрактивно ја заби топката во кошот и тоа преку Никола Јокиќ.

https://twitter.com/HoustonRockets/status/1477454601754398720?s=20