Денвер не го дава врвот во Западната конференција од НБА-лигата, синоќа дополнително се зацврсти со победата над актуелниот шампион Голден стејт со 134-117.

 Јокиќ ја доби наградата за најдобар кошаркар во месец јануари на Западот, остварувајќи нов трипл-дабл, со 22 поена, 14 скока и 16 асистенции. Ова е негов 17. трипл-дабл во сезоната и 99. во кариерата, со што дојде на само еден до „стотката“. Во тоа троцифрено, престижно друштво има само петмина: Леброн Џејмс, Џејсон Кид, Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и лидерот Расел Вестбрук. Џамал Мареј одлично одигра, постигнувајќи 33 поени, а Стеф Кари, кај Вориорс броеше до 28.

 

Кон првото место се движи и Милвоки, со шестата победа едноподруго, овој пат над ЛА Клиперс со 106-105. Гостите од Лос Анџелес водеа со 105-101 на три миунти до крајот, но не успеаја да уфрлат ниту еден кош, дури ни кога Јанис Адетокумбо им подари напад на седум секунди до сирената. Адетокумпо со 54 поени и 19 скока,  го забележа шестиот меч во кариерата со 50 или повеќе поени.

На останатите средби:

Индијана – ЛА Лејкерс 111-112

Кливленд – Мемфис     128-113

Њујорк – Мајами            106-14

Чикаго – Шарлот            114-98

Далас – Њу Орлеанс     111-106