Калин Ивановски, вторпат во две недели е блиску да игра финале на турнир во Монастир во Тунис.
На тврдата подлога на т.н. „Меџик хотел тур“, Ивановски утрово го совлада Французинот Артур Букие со 6-2, 7-5 и се пласира меѓу најдобрите четворица. Станува збор за 22-годишен тенисер, кој е осми носител на овој турнир и го држи 668. место на АТП-листата.
Додека првиот сет помина во апсолутна доминација на Калин, вториот почна со брејк на Букие, кој за среќа остана единствен. Му донесе водство од 3-0, но Ивановски веднаш го врати, изедначи на 3-3, а потоа во 11. гејм уште еднаш го зеде сервисот на противникот за конечна победа.
Ова е трета победа на овој турнир без загубен сет, па сега му следува полуфиналниот дуел, против подобриот од Тао Му, третиот носител од Кина и Федерико Јанаконе, шесторангираниот Италијанец.
Ивановски е прв носител на овој турнир, вреден 15.000 долари, минатата недела играше финале на ист ваков исто така во Монастир. Тогаш загуби со 1-2 во сетови од домашниот тенисер Моез Ешарги.