Трабзонспор ќе игра за трофејот во Купот на Турција, откако го доби полуфиналниот двомеч против Карагумрук. Првиот дуел заврши со триумф на Енис Барди и колегите од 3-2, а сега на гостувањето кај Карагумрук славеа убедливо со 0-4 за потврда на местото во финалето.
Првото полувреме на „Ататурк“ помина без многу возбудувања и мрежите мируваа. Резултатот го отвори Онуачу на стартот на второто полувреме. Вториот гол беше дело на Фунтас, а му асистираше македонскиот капитен Барди.
До крајот на пресметката Бозок беше двоен стрелец, еднаш од пенал и еднаш од игра за конечните 0-4.
Во мечот за трофејот на 23 мај Трабзонспор ќе има пресметка со екипата на Бешикташ.