Кошаркарите на Олимпијакос како гости ја совладаа екипата на Барселона (63-59) во „мајсторката“ од четвртфиналето и се пласираа на фајналфорот на Евролигата, што ќе биде трето по ред за овој клуб.
Како важноста на играта да им ги врзуваше рацете на играчите на двата тима, па се забележаа многу малку поени. Во таков натпревар грчкиот клуб подобро се снајде. Шакил Мекисик беше најефикасен кај победниците со 12 поени, Никола Милутинов забележа дабл-дабл од по 10 поени и скокови. Филип Петрушев го заврши натпреварот со пет поени. На другата страна двоцифрен беше единствео Николас Лапровитола со 17 поени.
На завршниот турнир уште се најдоа Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.