Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, центарот на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембид (28), официјално доби француско државјанство и ќе може да ја претставува таа земја на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Ембид, кој е роден во главниот град на Камерун, Јаунде, доби француско државјанство врз основа на тоа што и неговите родители претходно станале француски државјани.

Минатата сезона, Ембид беше меѓу тројцата кандидати за наградата за најкорисен играч (МВП) во лигата со просек од 30,6 поени, 11,7 скока и 4,2 асистенции.

Ембид уште во 2016 година стапи во контакт со Француската кошаркарска федерација со намера да игра на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, но оваа идеја наиде на отпор кај другите репрезентативци.

Франција го освои среброто на минатогодишните Олимписки игри во Токио, губејќи го финалето од САД .