Австралискиот тенисер Ник Киргиос се пласираше во шеснаесетфиналето на Мастерсот во Мајами, откако го „исчисти“ седмиот тенисер во светот Андреј Рубљев.

Киргиос славеше по два одиграни сета – 6:3, 6:0.

Успеа да освои сет со нула против Топ 10 тенисер и да го посрамоти во Мајами.

Го загуби својот сервис во четвртиот гем, но веднаш го врати брејкот и направи нов во шестиот гем.

Рутински сервираше за 5:2, а потоа и за водство во сетот.

Во вториот сет го „исчисти“ Рубљев  и не му дозволи да освои ниту еден гејм.

Покрај сето тоа, со одлични потези направи шоу на теренот.

Победи за 52 минути!

Негов следен ривал е Фабио Фоњини.

https://twitter.com/TennisTV/status/1507464754494803970?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507464754494803970%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D25nav_id%3D2128808