Англискиот премиерлигаш Вест Хем го доби дуелот против германски Фрајбург на гости (1-2) и се наоѓа на врвот во групата А со 6 бода.

Лукас Пакета му донесе водство, Роланд Салаи израмни на почетокот на вториот дел, но Наиф Агерд во 66.минута донесе победа за Вест Хем.

Аталанта во Лисабон славеше над Спортинг со 1-2. Скалвини и Руџери во првото полувреме погодија за италијанскиот тим, а намали Ѓокереш пред крајот на натпреварот.


ТСЦ Бачка Топола имаше два гола негатива против Олимпијакос, но на крајот израмни на 2-2, а Арис го победи Глазгов Ренџерс со 2-1.

АЕК и Ајакс ремизираа 1-1 во Атина, а Бетис ја победи Спарта Прага со 2-1. Олимпик Марсеј и Брајтон ремизираа 2-2, откако и двата тима имаа по едно свое полувреме во кое постигнаа по два гола