Екипата на Интер Мајами беше поразена од Синсинати со 0-1 во 32. коло на МЛС-лигата со што екипата на Лионел Меси и официјално остана без пласман во плејофот.
Меси влезе во игра во второто полувреме, но Интер Мајами не ги искористи своите шанси, по што казната стигна во 78. минута Бареал погоди за триумф на Синсинати.
Тимот на Меси се наоѓа на 14. место со 33 бодови, па веќе ниту теоретски не може да стигне до деветтата позиција на која е Ди-Си јунајтед со 40 бода.