Русија и овозможи на Србија да се пласира во четвртфиналето на Дејвис купот со драматична победа против Шпанија во двојки (6:4, 2:6, 4:6).
Таму Ѓоковиќ и соиграчите го чекаат Казахстан, а доколку го минат тој ривал, во полуфиналето ќе играат против подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Италија.
Србија за тоа може да им се заблагодари на Русите, односно Рублев и Карачев, кои по пресвртот ги совладаа фаворизираните Лопез и Гранољерс во двојки со што ги исфрлија Шпанците од конкуренцијата.
Мечот меѓу руската и шпанската двојка драматично го доживеаја српските тенисери. Дел од нив за време на мечот упатија пораки со поддршка до руските тенисери. Ова го откри Данил Медведев по победата на Русите:
„Еден ден Новак Ѓоковиќ ќе мора да почести вечера за тоа што го направивме. Беше чудно затоа што за време на натпреварот во двојки српските репрезентативци, нема да кажам кои, ни испратија пораки на своите мобилни телефони со кои не убедуваа и не бодреа да победиме.