Кристијано Роналдо вчера го започна мечот против Челзи од клупата за резервни фудбалери. Манчестер Јунајтед одигра 1:1, а по мечот Роналдо одби да се поздрави со привремениот тренер Мајкл Карик.
Токму тоа беше причината да има жестока дебата помеѓу Рој Кин, легенда на Јунајтед, и Џејми Карагер легенда на Ливерпул. Кин тврдеше дека Роналдо не треба да е на клупата, бидејќи не дошол во Јунајтед поради тоа, додека Карагер вели дека не мисли дека Роналдо треба да биде стартер на секој меч.