Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано ја запишаа првата победа во новата сезона во Ла Лига. По ремито против Барселона на гости 0-0, вечерва тимот на македонскиот репрезентативен голман дојде до триумф против уште еден клуб од главниот град на Каталонија.
Рајо го совлада Еспањол со 0-2, а мрежата на Столе останува да мирува и во второто коло во шпанскиот шампионат. Одличното издание на Димитриевски во минатото коло му донесе место во тимот на колото.
Столе на овој натпревар заработи жолт картон во првото полувреме поради задржување на времето.