Тимот на Кадиз освои три големи бода во битката за опстанок и тоа против гигантот Атлетико Мадрид победувајќи го со 2-о.
Херој на домашниот тим беше Хуанми, кој ги постигна двата погодока и донесе огромна радост за своите навивачи кои им даваат огромна поддршка на своите миленици во грчевитата битка за опстанок во елитата.
Со овој пораз Атлетико Мадрид останува на четвртата позиција со 55 бода, додека Кадиз го забележа само третиот сезонски триумф и сега има 22 бода на своето салдо.
Атлетико Мадрид има пад во формата, а пред нив е и дуел со Интер во Лигата на шампионите, сето тоа го искористи Кадиз кој успеа да направи изненадување.
Кадиз се уште се наоѓа во зоната за испаѓање, но овие три бода им даваат надеж дека може да изборат опстанок во најдобрата шпанска лига.