Екипата на Ал-Наср во 23-тото коло од саудиската Про лига како гостин го совлада тимопт на Ал-Шабаб со 3:2. Португалецот Кристијано Роналдо повторно се запиша во листата на стрелци, но овој пат не беше херој на својот тим, тоа беше бразилскиот напаѓач Талиска.
Роналдо во 21-та минута од пенал го отвори резултатот, но заслугите за триумфот на Ал-Наср одат на сметка на Бразилецот Талиска кој постигна два гола.
Бразилецот во 46-та минута погоди за 1:2, а голот вреден три бода го даде во 86-тата минута.
Головите за Ал-Шабаб ги постигнаа Караско во 45-тата и Карлос јуниор во 67-та минута.
Ал-Наср со оваа победа стигна до 52 бода и има четири помалку од лидерот Ал-Хилал, но до крајот на сезоната има уште многу натпревари и тимот на Роналдо може да се избори за шампионската титула во Саудиска Арабија. Португалската супер-ѕвезда на овој меч постигна гол од пенал, а вкупно сезонава стигна до бројката од 22 првенствени голови.