Екипите на аргентинските гиганти Ривер Плата и Бока Јуниорс во едно од најголемите дерби пресметки во светскиот фудбал одиграа нерешено 1-1 во натпревар од седмото коло од аргентинскиот Лига Куп.

„Супер-класико“ дуелот се одигра на реновираниот стадион „Монументал“, каде фановите на Ривер Плата создадоа атмосфера за паметење. Сепак, нивните миленици не успеаја да остварат победа против најголемиот ривал, иако поведоа во 49. минута со голот на Пабло Солари. Сепак, екипата на Бока Јуниорс стигна до бод со голот на Медина, кој погоди во 70. минута.

 

Ривер води во групата А со 13 бода, додека Бока е седма во групата Б со 10 бода.