„Сините“ се во тешка ситуација откако британската Влада донесе одлука да ги замрзне имотите во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович. Клубот сега е под контрола на државата и не смее да договара играчи, да продолжува договори, да продава поединечни билети или било што од својата клупска продавница. Главниот спонзор на дресот „Три“ побара раскин на договорот вреден 40 милиони фунти.
Клоп вели дека никој во таборот на Челси не е виновен за она што се случува во Украина по руската инвазија.
„Никој во Челси не е виновен за ништо, ниту вработените во клубот ниту играчите. Само еден човек е одговорен за ова што се случува, а тоа е Владимир Путин. Не ја знам улогата на Роман Абрамович во ова, но низ годините можеше да погодувате дека е близок со Путин. Мислам дека ова што го направи британската Влада е правилно, да бидам 100 отсто искрен, но секако дека не е добро за сите во Челси и навивачите, тоа ми е јасно!