Реал Мадрид славеше со 3-0 на гостувањето кај Мајорка во рамки на 28.коло во Ла Лига.

Домашниот тим оддолеваше на нападите на „кралевите“ до 55.минута, кога Винисиус Жуниор погоди за 0-1. Потоа на сцена стапи Карим Бензема со два гола. Првиот го постигна од пенал во 77.минута, а само пет минути подоцна ги постави конечните 0-3 од игра.

Реал Мадрид сега има 66 бодови на врвот на табелата, 10 повеќе од Севилја.