Македонските млади кошаркари имаа лош старт на натпреварот и негатива од 5-15 во првата четвртина, но потоа јуниорите влегоа во ритам и направија пресврт (26-25). Меѓутоа, Велика Британија со одличен финиш на првото полувреме се врати во предност од 27-34.
Велика Британија продолжи да го полни кошот на Македонија во второто полувреме, па така кошаркарите немаа можност да го внесат мечот во неизвесна завршница и загубија со 68-84.
Луканоски беше најдобар во македонскиот тим со 22 поени и девет скокови, додека Шошкиќ постигна 12. Во редовите на Велика Британија најефикасен беше Дејвис со 19 поени и седум скокови.