Екипата на Бостон, повеќекратниот шампион НБА, ниту во најславните денови ги немаше сите 20 победи на домашен терен од почетокот на сезоната како што е сега, а вклучувајќи ја и претходната низата достигна домашни победи, со оглед што последниот пораз го претрпе против Њујорк никс лани на 5 март.
Актуелниот шампион Денвер нагетс, предводен од Никола Јокиќ и канадскиот ас Џамал Мари реши да стави крај на серијата на „келтите“. Тоа се случи, откако „нагетси“ победија со 102-100, а шутот на Бостон за пресврт беше неуспешен. Србинот средбата ја заврши со 34 поени (12-18 за два, 2-4 за тројки, 4-4 слободни фрлања), заедно со 12 скока и девет асистенции. Јокиќ со 92. дабл-дабл во НБА кариерата со најмалку 30 поени и десет скока, се израмни на 27. место на вечната листа со легендата на Чикаго, Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња.
Мари додаде 35 поени, а двоцифрен учинок во тимот на Денвер имаше и Мајкл Портер Јуниор со 13 поени. Кај Бостон најефикасен беше Дерик Вајт со 24 поени.