Српскиот див Никола Јокиќ се поигрува во НБА лигата, а доказ за тоа е потегот кој го направи во самиот финиш на дуелот во Бостон (102-100), кој веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи.
Србинот му донесе победа на својот тим, заедно со соиграчите срушија состав кој пред овој натпревар на домашен терен имаше скор од 20 победи по ред. Гордон промаши тројка на 26 секунди до крајот, потоа Тејтум истрча во контранапад, но промаши на положување, по што Гордон ја фати топката и беше фаулиран на 17 секунди до крајот. Првото слободно фрлање го погоди за 102-100, по што следуваше ситуација во која Јокиќ мангупски со еден потег ги надмудри Џејлен Браун и Кристапс Порзингис!
Во моментот кога Гордон го изведуваше второто фрлање, Никола тргна кон обрачот, двајца играчи на Селтикс паднаа на него и налетаа еден на друг. Ерон промаши и требаше повторно да го изведе ударот, но судиите потоа решија да го погледнат видеото. За Браун и Јокиќ имаше потфрлање на топката, која заврши во рацете на домашните.
Бостон имаше шут на Тејтум за продолженија, но топката не беше ни приближно да влезе во кошот.