Младиот офанзивен играч за врска одамна е на радарот на белграѓани, кои уште минатото лето го посакуваа во Хумска, но неговиот клуб Поханг Стилерс бараше превисоко обештетување. Сега сите пречки се решени, а договорено е тој да потпише договор на четири и пол години.
Гох е роден 2001 година, и во моментов е на подготовки со корејската селекција во Анталија. Тој најдобро се снаоѓа на позицијата зад напаѓачот, но може да одговори и на задачите на крилната позиција. Се одликува со исклучителна брзина, прецизно додавање, одлично движење и техника со топката. Беше член на сите селекции на својата земја, а со сениорите освои и златен медал на Азиските игри, со што се ослободи од задолжителниот воен рок. Ќе има и друштво во Белград, бидејќи дресот на Црвена звезда го носи неговиот сонародник Ин Бом Хванг.
Пред Гох, есенскиот шампион во српската Суперлига ги ангажираше стоперот Никола Миличиќ, голманот Милош Круниќ, како и играчите од средниот ред Леонард Овусу и Денил Кастиљо па сериозно ќе атакува на титулата.