Екипата на Селта од Виго ја потопи „жолтата подморница“ и избега од опасната зона!
Морено донесе водство за „жолтата подморница“ во 12. минута, но потоа Вилјареал доби црвен картон по што почна распадот на системот.
Аспас и Ларсен во првите 45 минути беа стрелци за целосен пресврт (2-1), а потоа Гуедеш израмни на 2-2 во 65. минута.
Во драматична завршница Вилјареал доживеа нов шок, откако Селта го постигна победничкиот гол во 82. минута (3-2).
Вилјареал е на деветтата позиција со 45 бодови, додека Селта е на 15. место со 34 бода, односно осум бодови повеќе од Кадиз.