Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков го постигна првиот гол во дресот на Славија Софија откако дојде на позајмица во клубот до крајот на сезоната. Тој погоди на денешниот меч против Ботев Враца (2-1).
Зајков беше стрелец во 70.минута и во тој момент го израмни резултатот, а Ботев Враца стигна до триумф со гол во судиското продолжение.